Села – Избори во темница не може да бидат фер и демократски

Во декември ќе се гласа во темница, бидејќи од 16 часот се стемнува, а во ваква ситуација, кога поголемиот дел од лидерите на политичките партии и функционерите, се во ризик дека ако ги изгубат изборите ќе завршат во затвор, влегуваат во избори со одбранбен инстинкт, така што тие нема да бидат фер и демократски, вели Зијадин Села од Движењето за реформи – ДПА во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Села, претпоставувам дека следите што се случува на релација Специјално јавно обвинителство – власт. Каков е вашиот однос кон Специјалното јавно обвинителство и она што го работат?

Нашите ставови се јасни уште на почетокот кога избувна оваа политичка криза со прислушувањето. Ние на првото централно собрание на нашата партија како движење за реформи имавме јасен став. Ние повикавме во Македонија да дојде европското судство, од типот на ЕУЛЕКС. Веќе од тогаш ни беше јасно дека само преку едно специјално јавно обвинителство не може да се решава политичката криза имајќи предвид фактот дека судството е комплетно политизирано и корумпирано. Тоа е реалноста во Македонија, од друга страна тоа има придонесено граѓаните да не веруваат во правниот систем. Единствен начин за да се врати довербата во правниот систем, нам ни треба независно судство кое ќе дојде од странските држави. И стоиме уште на тоа дека само на таков начин ќе се врати правдата во државата и дека криминалците ќе завршат во затвор и народот ќе се ослободи.

Како гледате на ставот на владејачката партија дека Специјалното јавно обвинителство работи за опозицијата, дека не работи професионално. Од каде сметате дека потекнува таквиот став?

Власта е заинтересирана, бидејќи тие се главните виновници за ваков правен систем и за ваквото судство. Слушавме и преку прислушуваните телефонски разговори дека тие местеа судии и најодговорно ви тврдам и тоа е реалноста, ние секој ден живееме, не само ние како политичари или јас како градоначалник, туку и сите граѓани. Власта нормално дека ќе се обиде да го брани овој правен систем и ова судство што го имаат изградено за овие десет години. Секој кој ќе се обиде да влезе во нивниот систем за да го врати правото, нормално од нивна страна ќе биде прогласен за неспособен или како некој кој соработува со опозицијата или како нивен непријател.

Целосното интервју погледнете го на тука.

Извор: Радио Слободна Европа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e