Седум години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

На денешен ден, пред седум години, Велики четврток, 2012 година, на брегот на Смилковското езеро кај Скопје беа убиени четири момчиња и еден повозрасен маж додека ловеле риба во езерото.

За петкратното убиство беше отворен предметот со кодно име –  „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За Судот сѐ уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.

Случајот сѐ уште се наоѓа во доказна постапка.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e