Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, по речиси осум часа од денешната седница за точката за разрешување на Катица Јанева, рече дека денеска одлука не донеле и продолжуваат во четвррок во 10 чааот.
„Советот од 11 часот досега работеше на разгледување на списите од предметот. Се работи за обемен предмет за обемни списи, има многу прибавени докази, многу транскрипти…” рече Штерјев пред новинарите.
Претседателот на Советот ,Штерјев не сакаше да го коментира исходот од седницата, која е затворена за јавноста, поради истражната постапка која е во тек.
На седницата присуствуваше и обвинителката Рускоска.