Седницата се одложува цел ден поради заканите од врвот на ВМРО-ДПМНЕ кон своите пратеници

Дали ќе има двотретинско мнозинство за пристапување кон уставните измени ќе се знае на чинот на гласањето, вечерва во 21 часот, вели за Плусинфо висок функционер од власта.

Заканите што им ги упатуваа на пратениците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратеникот Антонијо Милошоски сѐ причината за цел ден да се одложува гласањето. Сакаме вечерва да ја оддржиме седницата и гласањето. Единствено ако има непријатни околности за пратениците ќе одложиме за друг ден – вели функционерот.

Седницата за уставните измени е најавена за 21 часот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, остануваат на ставот дека власта нема обезбедено двотретинско мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e