Се вработуваат 134 млади доктори и медицински сестри на ниво на цела држава

Министерот за здравство Венко Филипче на промовирањето на медицинските сестри вработени со мерката за подобрување на патронажните сервиси во Здравствениот дом Скопје, кои почнуваат со шест месечна работа и им посака успешен почеток во работењето, изјави дека на ниво на целата држава во сите здравствени домови вработуваме 134 млади доктори и медицински сестри од кои 50 во Здравствениот дом во Скопје од кои 43 медицински сестри и седум доктори.

Станува збор за млад кадар, кој сега ќе има можност во здравствените домови на ниво на примарна здравствена заштита, да учи, да стекнува искуство под менторство во вакциналните пунктови, во Итната медицинска помош и во патронажните сервиси.

– Со ова прво сакаме да постигнеме младите здравствени работници да бидат финансиски стимулирани и иднината да ја бараат во нашата земја, понатаму да го стекнат потребното искуство на почетокот на нивната кариера под менторство и контрола на многу искусни кадри и третата работа е да ја го зајакнеме нашиот здравствен систем во еден сегмент, кој ќе значи приближување на здравствената услуга кон пациентите во домашни услови или блиску до домот доколку има амбуланти во кои порано функционирале или имало медицински тимови, а сега не постојат со цел значајно да се олесни пристапот до овие здравствени услуги, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e