На предлог на Министерството за образование и наука, владата ја усвои информацијата за воведување нова стипендија за студенти за наставен кадар за основно образование уште од првата година на студиите во висина од 6000 денари.
Покрај оваа мерка за унапредување на квалитетот на наставните кадри во основното образование, владата на предлог на МОН ги усвои Програмите за ученичкиот и студентскиот стандард за 2018 година, и Програмата за научно-истражувачката дејност за оваа година, како и програмите за изградба и реконструкција на средни и основни училишта.