Се воведува државна награда за унапредување на човековите права – Мето Јовановски

Министрите ја усвоија информацијата за потребата од изменување и дополнување на Законот за државните награди. Притоа Министерството за култура, во соработка со неколку ресорни министерства и надлежни институции е задолжено да формира работна група, која треба да подготви и до Владата на Република Македонија да достави Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди, со кој ќе се востанови нова државна награда за унапредување на човековите права која ќе го носи името на Мето Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e