Се поголем број малолетници користат дрога

Алармантно. Малолетниците се повеќе користат лекови за смирување, а најголем дел од нив се девојки. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во најголем број од случаите, младите лековите ги земаат по препорака на лекарите.

Загрижувачки се и бројките за користење на наркотици. 2% од децата од 11 до 13 годишна возраст користат марихуана, и нивниот број постојано расте. Истражувањето покажува дека 8.9% од населението од 15 до 62 годишна возраст користат некој вид дрога, а 8.2 % користат марихуана.

Загрижува фактот што има тенденција на зголемување на ова бројка во однос на возраста. Така, на 15 – 16 годишна возраст околу 5% од децата кажале дека до тој момент 1 или 2 пати пробале марихуана“. – изјави Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје

Од Институтот за јавно здравје велат дека секој ден повеќе се зголемува бројот на малолетници кои пушат и конзумираат алкохол. Во анкетата што ја спровел Институтот биле вклучени 3786 возрасни и 1798 малолетници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e