Се подготвува импичмент за Иванов?!

По обезбедувањето на двотретинско мнозинство за пристапување кон уставни измени, во јавноста се повеќе се поставува прашањето каде е претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и кој е неговиот став по поединечното изјаснување на 80 пратеници кои дадоа поддршка на процесот за реализација на Договорот од Преспа.

Неофицијално, високи партиски извори од владејачките партии велат дека доколку и по оваа одлука на претставниците на граѓаните на Република Македонија од законодавниот дом, Иванов не го потпише указот за ратификација на договорот меѓу македонската и грчката страна, тогаш тие се спремни да вложат напори и да разговараат со своите колеги за обезбедување двотретинско мнозинство за импичмент на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e