На денешната седница на Владата на Р.Македонија, беше прифатена информацијата за доставен предлог меморандум за реализација на заеднички интегрирана интервенција во пограничниот регион помеѓу Република Грција и Република Македонија, односно за отворање на граничниот премин „Маркова нога“.
Владата на Република Македонија го овласти министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција да реализира средба со членовите на комитетот со цел да ги запознае со позицијата на Владата на Република Македонија по предложениот предлог меморандум.