Се огласија сопствениците на Катлановска бања

Четири дена откако здравствените инспектори и забранија на Катлановска бања да прима пациенти, се огласија и сопствениците. Тврдат дека бањата работи согласно сите законски прописи.

Бањата имала испратено барање за обновување на дозволата навремено но се уште чека одговор од надлежен орган се вели во писменото соопштение испратено до медиумите. Додаваат дека работењето со бањско лекување .

„Дополнително, по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по директивите од инспекторатот, веднаш согласно истите и согласно Законот за санитарна и здравствена инспекција поднесовме Барање за основање на приватна здравствена установа.“ – велат од Катлановска бања.

Освен тоа од бањата тврдат дека станува збор за правно лице кое ја врши дејноста за која е основано повеќе од неколку децении, со правно валидни договори. Сепак во соопштението испратено до медиумите нема одговор како и зошто ангажирале лекари од странство без лиценци да работат со пациенти. Од лекарската комора велат дека до нив не стигнале никакви барања за лиценци ниту од лекари ниту оак од Катлановска бања.
Здравствените инспектори и забранија на бањата да прима пациенти, откако вонредниот инспекциски надзор покажа дека работеле без дозвола. По нивна пријава, работата на бањата почна да ја чешла и финансиската полиција.

Резултатите од предистражната постапка која ја отвори финансиската полиција ќе треба да дадат одговор дали во бањата имало и финансиски малверзации.
Извор:24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e