Се огласи Венко Филипче по повод случајот со претепаната медицинска сестра – Еве што рече!

Венко Филипче денеска на својот профил на Фејсбук објави дека полицијата работи на расчистување на случајот со претепаната медицинска на КАРИЛ, која се грижела вечерта за млад пациент, а потоа била нападната од неговото семејство утринава откако тој починал.

– На Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, денеска беше нападнато медицинско лице кое работи на оваа Клиника. Во име на Министерството за здравство, но и во мое име како министер, ја разбирам загубата на блиските на пациентот кој починал, но не разбирам и не поддржувам под никаков изговор, физичко, психичко или какво и да било насилство врз медицинскиот персонал, кој деноноќно се грижи за здравјето и животот на пациентите. Насилството е недозволиво и не е начин на кој треба да комуницираат пациентите и лекарите. МВР работи на расчистување на случајот.

Филипче ја посетил медицинската сестра, откако истрауматизирана била однесена на Клиниката за Психијатрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e