Чифлиганец: Не сум барал ништо од Орце, не постои таков разговор

Ванчо Чифлиганец, кого Орце Камчев во еден од аудио снимките што ги објави италијанскиот весник Ла Верита во врска со случајот „Рекет“ го споменува дека барал дуќан за обвинителката Лиле Стефанова, демантира дека воопшто постоел таков разговор со Камчев.

-Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори.
Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно споменување на моето име, вели Чифлиганец во демантот, а пренесува порталот НОВА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e