Се огласи Антикорупциска по повод случајот со Рашковски

Лицето кое ја откри снимката со владиниот генерален секретар Рашковски нема статус на укажувач и нема да добие законска заштита.

Претседателката на антикорупциската комисија вели дека ова лице не ги исполнува законските прописи за укажувач, но дека тоа не е пречка антикорупционерите да го истражат спорниот тендер за набавка на нов радарски систем за скопскиот аеродром. До овој момент до комисијата се уште не се пристигнати сите неопходни документи од Владата и М-НАВ.
Ние водиме постапка по допрен глас од медиуми по сопствена иницијатива, но се уште не можеме да почнеме со обработка бидејќи чекаме да ни биде доставена документацијата што ја побаравме од МАВ од аспект што е потребно во однос на тендерот, како и документација од Рашковски писмено да образложи во кое својство се нашол во објавениот снимен разговор, вели Билјана Ивановска, претседател на ДКСК

Во меѓувреме од Транспаренси интернешнал посочуваат дека граѓаните кои имаат сомнежи за сторени криминали од страна на јавните функционери, се почесто се охрабруваат тоа да го пријават во надлежните институции. Бројката на укажувачи расте, но не и примената на законот.

Законот гарантира заштита на податоците и идентитетот на укажувачот и неговите блиски лица, од секаков вид повреда на право, заштита од отказ или суспензија од работното место. Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, комисијата за спречување корупција и народниот правобранител се дел од институциите во кои грашаните може да пријават сомнеж и да добијат заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e