“Обезбедувањето на пласман за македонските земјоделски производи на европските пазари е наш врвен приоритет.“ – рече Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната средба со белгиската компанија „Greenyard“.
На состанокот се разговараше за воспоставена соработка на белгиската компанија со неколку македонски компании-откупувачи на земјоделски производи, а беше разгледана и можноста преку оваа компанија да се зголеми извозот на македонски земјоделски производи на западно-европските пазари.
Претставниците на компанијата потенцираа дека Македонија има потенцијал за активно учество на пазарите во Европа преку своите препознатливи земјоделски производи и поднебјето што го имаме за развивање на нови сорти на култури кои се барани на европските пазари.
Компанија „Greenyard“ е лидер во обезбедување на свежо овошје и зеленчук за европските супермаркети и со свежо овошје и зеленчук снабудва повеќе од 25 земји во Европа.