Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Пред десетина медиуми, зад разрушената Универзална сала, градоначалничката Данела Арсовска се испокара со претставници на Асоцијацијата на архитекти, но и со проектантот кој го донираше проектот за нејзино реновирање. Никој не успеа да ја убеди дека објектот е безбеден, иако архитектот кажа дека има одобрување од ИЗИС, кое го имале и во Град Скопје. Првата караница почна со претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

„Ве молам докажете ме да се докажам. Реакцијата не беше наменета против вас. Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да дадете аргументи. Како архитекти се соочуваме со измени во градба. Постојат процедури со ревизии, одговорни лица, каде тие процедури се потврдуваат. Да ги плашите луѓето дека некој објект е небезбеден е… Кога ќе биде завршен објектот ќе кажеме дали објектот е безбеден. Вие сте дојдени да се карате со мене. Ве замолуваме кога ќе излезете со информации дека објект е небезбеден е да кажете која институција потпишала и кој го кажал“, рече претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

Целиот текст на А1он.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e