Се интензивираат активностите од програмата за наводнување на јужната вардарска долина

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на регионалната канцеларија на Германската банка за обнова и развој „KfW“ , Рене Ешеман, разговарале за напредокот на работите за реализација на Програмата за наводнување на Јужната вардарска долина втора фаза, а поврзани со тендерската постапка, примопредавањето на инфраструктурата на земјоделските задруги, односно за севкупната реализација на Програмата.

Од директорт Ешеман, е добиено целосна поддршка за спроведување на активностите поврзани со оваа Програма , како и поддршка во делот на забрзување на работите поврзани со изградба на системот за наводнување.

Исто така разговарано е и за можноста за финансирање на нови проекти во делот на системите за наводнување во Република Македонија, кои би можело да се реализираат со заедничко финансирање од Германската банка за обнова и развој „KfW“ , Зелениот климатски фонд и Владата на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e