Во Градската општа болница „8 Септември“ се финализира инсталацијата на нов линеарен акцелератор. Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања. Апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област.- информира Министерот за здравство Венко Филипче.
Линеарниот акцелератор овозможува максимална прецизност во планирање и изведување третмани, имајќи предвид дека насочувањето на третманскиот зрак се врши со рубини, додека кај сите останати апарати се врши со огледала.