СДСМ: Заканите на нервозниот Мицкоски кон професори покажува колку е уплашен и потврдува дека е дел од режимската матрица

И по шест порази од граѓаните, докажаниот губитник Христијан Мицкоски не ја научи лекцијата, велат од СДСМ во најновото соопштение.

Неговите закани кон професори кои јавно посочуваат дека партиското собирање потписи против пописот е „егзибиционизам кој нема правна основа“ покажува дека Мицкоски е во режимската матрица на неговиот вистински шеф. Секој што мисли различно од Мицкоски е предмет на закана, навреда, омаловажување. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се заканува затоа што е нервозен, соочен со сопствениот очај.

Затоа шест пати губи од граѓаните, затоа се во опозиција и затоа уште долго таму ќе останат. -стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e