СДСМ: Со задолжувањето се враќаат долговите што ги направи ВМРО ДПМНЕ

Владејачката СДСМ во одговор на соопштението на ВМРО ДПМНЕ дека власта ја задолжила државата со нови 7,1 милиони евра, соопшти дека со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%, се вели во соопштението од СДСМ.

-Само во јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра. Со таквите политики, се отвораат можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e