СДСМ: За ноторните лаги и клевети на Милошоски ќе одговараат

Во паника од извесниот пораз на изборите, ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под нивна контрола и преку најголемиот извор на лажни вести, Антонио Милошоски, почна да шири лаги на најјако, велат од СДСМ во најновото соопштение.

Тешки и перфидни лаги се тврдењата дека претседателот Зоран Заев или било кој од неговото семејство или некој од неговите соработници биле вмешани во случајот во јавноста познат како Рекет.

Факт е дека токму претседателот Заев прв го има пријавено случајот и дека токму тој постојано бара тој случај до крај да биде расветлен.

Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ кои објавуваат и споделуваат вакви ноторни лаги треба да бидат свесни дека во секоја демократска, правна држава каква што е и Република Северна Македонија се одговара за секоја лага и клевета која е свесно изречена, се наведува во соопштението.

Медиумите, новинарите имаат јавна одговорност за своите пишувања, а свесното ширење на лажни вести е против демократските вредности во секое општество.
Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во обид да го ублажат извесниот пораз на 12 април ќе ги користат сите можни неетички методи, но треба да им биде јасно дека и тие и нивните медиуми одамна се препознаени како најголем извор на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

Ништо нема да ги спаси Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ од поразот што им следува и никој и ништо нема да ги спаси од одговорност оние кои организирано смислуваат, објавуваат и споделуваат вакви тешки клевети, порачуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e