„Христијан Мицкоски, под притисок на јавноста се обиде да се оправда за своите лаги дека магистрира и докторирал во Италија и Германија, но дополнително се заплетка. На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски рече дека бил стипендист на италијанската влада, дека таму поминал магистратура а докторат во Германија. Вчера, од белиот дворец Мицкоски рече дека не е така“, вели денеска Стефан Васев од СДСМ.
„За Мицкоски е нормално да лаже за сопственото образование. Може само да замислиме колку лаже за политика. Мицкоски го потценува Универзитетот Кирил и Методиј. Или се срами што станал асистент кај својот татко на Машинскиот факултет? Ваквото лажно однесување на Мицкоски е многу лош пример“, смета Васев.