СДСМ: За Чулев е најважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски наместо да воспостави ред

Христијан Мицкоски, Наќе Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење, велат од СДСМ.

Целата јавност сведочеше на масовно непочитување на мерките и забраните додека полицијата на Чулев не преземаше ништо. Тоа придонесе прекршувањата на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, да станат побројни, што директно влијае врз зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус.

За Чулев е најважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски наместо да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, порачаа од СДСМ.

Неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и на неговите кадри е очигледна и штетна за јавното здравје и затоа тој треба веднаш да си поднесе оставка, порачуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e