СДСМ: Времето на притисоци кон полицијата заврши, денес полицајците се пријатели и заштитници на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по масовната партизација на институциите и по злоупотребата на полицијата, секојденeвно пласира измислици и невистини, велат од владејачката СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ги категоризираат како лажни наводите за притисоци, уцени и злоупотреби во Министерството за внатрешни работи.

„Како што јавно објави МВР, сите процедури за распоредување на вработени се спроведуваат според постапка утврдена со Законот за внатрешни работи и другите подзаконски акти. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заврши времето на МВРО-ВМРО и злоупотребата на полицијата во лични и партиски интереси“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат и дека со реформскиот процес по промените, полицијата се професионализира, се опремува, делува неселективно и се развива како вистински пријател-заштитник на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e