СДСМ: ВМРО лажни вести ДПМНЕ шири невистини и го плаши наставниот кадар, нивните деструкции нема да ги спречат реформите во образованието

„ВМРО лажни вести ДПМНЕ повторно шират дезинформации, во обид да ги срушат позитивните промени во образованието.

Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ отиде до таму што денеска ги плашат граѓаните со наводни масовни отпуштања.

Со реформите кои се подготвуваат младите конечно ќе имаат слобода и можност да се развиваат. Ќе учат по современи програми наменети да им помогнат да го достигнат својот полн потенцијал.

По сиот хаос што го оставија во образованието, ВМРО-ДПМНЕ немаат право да зборуваат за било што поврзано со образовниот процес.

Во новиот модел за основно образование кој се подготвува ќе се изучуваат сите научни дисциплини, вклучително и историјата. Она што ќе биде различно е пристапот кон изучување на материјата.

Учениците ќе се стекнат со знаења од историја, географија и содржини од други научни дисциплини, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст и ќе им помогне подобро ги разберат настаните и појавите за кои учат“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e