СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уплаши од Законот за потекло на имот затоа што ќе важи и за поранешни функционери

Со Законот за потекло на имот освен актуелни, ќе бидат опфатени и поранешни државни функционери. Затоа е стравот во белиот дворец, кој е полн со oсудени лица или лица против кои се водат судски процеси за коруптивни дејствија.
Договорени тендери, енормно богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ, преземање на цели бизниси, корупциски скандали, беа редовна појава за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Денес, на дело имаме јасна антикорупциска политика на институциите кои се посветени на обезбедување силен, независен и ефикасен правосуден систем, нешто што беше и очигледно се уште е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, никој не е над законите а сите институции се максимално посветени на бескомпромисна борба против секаков вид на криминал и корупција, порачаа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e