Неможејќи да се помири со успесите на економските политики како рекордниот раст на странски инвестиции од 327 милиони евра, растот на индустриско производство од 8,4 отсто во јули и зголемувањето на бројот на работници во индустријата за 7,2 отсто, ВМРО-ДПМНЕ јавно работи против домашното стопанство.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за скап увоз од фирми неретко и од оф-шор компании како што тоа го правеше за време на 11 годишното владеење, а на сметка на затворање на домашните компании кои придонесуваат за македонската економија.
ВМРО-ДПМННЕ знае дека Кочо Анѓушев е вицепремиер за економски прашања и нема мандат, ниту ингеренции да одлучува за тендери и знае дека тој се повлече од управувачките функции, а ја продаде и компанијата каде беше стопроцентнен сопственик, но сепак опозициската партија продолжува да шири невистини.
Помина времето на политички фирми, белизе шеми и преземења компании и рекетарски полиитки врз домашното стопанство, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска за сите економки субјекти важат подеднакви правила и критериуми, а со правилните економски политики на Владата предводена од СДСМ, зголемена е поддршката за домашните компании со што се овозможува нови инвестиции и отворање на нови подобро платени работни места.
ВМРО ДПМНЕ треба да смногне сили и во овие историски моменти за Македонија да се надмине. Иднината на Македонија е над политичките партии и препукувања. Наместо ширење лаги, време е ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесите кои што се ЗА членство на Македонија во ЕУ и НАТО, реагираат од СДСМ.