СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, следно во општина Кисела Вода

„Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локални ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот.

После Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода.

Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата.

Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e