СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ купуваше јазици од бизони од народни пари

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и покажува основно непознавање на функционирањето на јавните набавки, реагираат од СДСМ.

Лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на двегодишен договор за рамковна набавка на градот Скопје.

За потсетување, рамковна набавка значи дека договорниот орган нема обрска да ги потроши сите средства. – велат од СДСМ.

Така според јавно објавени информации, од договорот за претходните 2 години не е потрошена ни третина од средствата.

Истата набавка била спроведувана и од претходните градоначалници при што биле трошени неколкукратно повеќе средства.

Додека ВМРО-ДПМНЕ трошеше на јазици од бизони, СДСМ со јавните пари се однесува одговорно и троши исклучиво во согласност со потребите, ниту денар повеќе. – порачуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e