Вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, која беше последен класичен пример на ширење лажни вести, со наслов „Зошто Заев се уште молчи за скандалот со лиценци за марихуани од кои ќе се земаат милионски суми?“ избришана е од веб страницата на партијата. Видеото веќе не може да се најде ниту на официјалната Фејсбук страница на партијата, тврдат од СДСМ.
Добро е што ВМРО-ДПМНЕ, макар и симболично, почна да ги брише сопствените лажни вести. Ги охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се вратат наназад и истото да го сторат со сите лажни вести што досега ги ширеа во нивните јавни настапи и партиски комуникации, потенцираат од владејачката партија.