СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува лозарите

ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува лозарите. Кога некој протестира кажува барања. Овие лозари денес не побараа ништо од министерот. Пропадна уште една провидна игра на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не ги остава лозарите во немилост на наследниците на Груевски, стои во објавата на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук.

Денешната блокада на патот Прилеп – Градско од страна на фантомското здружение е уште еден неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација на земјоделците.

Денеска немаше никаков протест на лозари или овоштари туку очаен обид за искривување на реалноста од страна на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, донесен со автобуси пред Росоман.

Наместо лозари и овоштари на денешниот таканаречен протест беа присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

Колку Трипуновски и членовите на фантомското здружение блиско до ВМРО-ДПМНЕ се навистина загрижени за земјоделците покажува тоа што одбија да разговараат со министерот Трајан Димковски за состојбите во лозарството, истакнаа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e