СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени во лага, нема тендер за набавка на мемографи, по 11 години пустош, здравството се унапредува во корист на пациентите

Нов ден, нова лага од белиот дворец. – порачуваат од СДСМ.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, секојдневно се шират лаги и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ партијата која заради бизнис и криминални интереси го урниса здравството, денеска шири невистини и е против унапредување на здравствениот систем и подобра грижа за граѓаните.

Министерството за здравство официјално и јавно ги демантира лагите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, нема тендер како што лажно наведува оваа партија.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврди дека нема простор за интервенција во јавните набавки на Министерството за здравство со што се потврдува дека нема сомнителни тендери.

Имено, сомнителните тендери, криминали и високи провизии се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и завршија со нивното заминување во опозиција.

По сиот пустош што го направи за 11 години во здравството, ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири со тоа што се зголемува грижата за пациентите и со тоа што сите средства во здравството се со цел подобри, навремени и квалитетни здравствени услуги за граѓаните. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e