СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е таа која се закануваше кон пратеници, дури и потписите за недоверба на Владата се собрани преку лаги и измами

Расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието, па затоа денеска од Белиот дворец се обидуваат да најдат алиби во наводни закани кон пратеници. – велат од СДС преку соопштение. 

Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами.

Граѓаните не забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи функционери се закануваа кон пратеници кои гласаа за уставните измени и очигледно дека тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи и денес.

Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци нема да им успеат. – порачаа од СДСМ. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e