Деструктивното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го допре дното.
Тропање по маси, викање, недолично однесување…, велат од СДСМ откако денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја прекинат седницата собраниска и на тој начин да го блокираат Законот со кој за 27.000 наставници се зголемуваат платите, а за 4.700 се обезбедува трајно вработување.
Под секое ниво е ова ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто е ВМРО-ДПМНЕ е против наставниците и помошниот персонал во основното и средно образование и што им сметаат?
СДСМ е на страна на граѓаните, на страна на работниците, наставниците и наставничките и нема да дозволи деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ на успеат.
Работата на собраниската комисија ќе продолжи, порачаа од СДСМ.