Во време на светска економска криза, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, корупција и расипништво, партија што во 11 годишниот режим стана најбогатата во Европа, на грбот на граѓаните, за денес да глуми загриженост за економскиот стандард. – се наведува во денешното соопштение од СДСМ.
Ако навистина се загрижени за стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нека ги продадат подните плочки од 100.000 евра, а парите нека ги насочат кон граѓаните.
Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони.
Освен одбрана на криминал, лажни вести и блокади, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо друго да понуди, велат Социјалдемократите.
