СДСМ: Вечерва во 20ч следете го интервјуто со Никола Димитров, ќе може да поставувате и прашања!

Согласно препораките на државните институции, СДСМ своите партиски активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми.

За таа цел од денеска започнуваат со серијал на видео интервјуа во живо на социјалните медиуми, преку кои граѓаните ќе можат одблиску да се запознаат со понудата, но и подобро да ги запознаат носителите на листите и кандидатите за пратеници од победничката коалиција „Можеме“.

Прв гостин е носителот во изборна единица еден – Никола Димитров.

Граѓаните во текот на денот може да поставуваат прашања на официјалните страници на Фејсбук на Никола Димитров и на СДСМ, a дел од прашањата на граѓаните ќе бидат поставени кон говорникот во текот на самиот пренос.

Преносот започнува во живо во 20 часот на следниве линкови:

https://www.facebook.com/NDimitrovMK

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/

https://www.youtube.com/SDSMtube/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e