СДСМ од денеска започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе се разговара за мерките и политиките на СДСМ, за визијата на партијата за иднината на нашата македонска држава.
-Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет. Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ, велат од СДСМ.
Денеска, 25.10.2022 година, СДСМ заедно со граѓаните во пет градови.
✅ Во 18.30 ч, централна граѓанска трибина во Битола со претседателот Димитар Ковачевски.
✅Во 17.00 ч граѓанска трибина во Ресен, со заменик претседателката Сања Лукаревска.
✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Новаци со потпретседателот Стефан Богоев.
✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Могила со потпретседателката Бисера Костадиновска.
✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Демир Хисар со организацискиот секретар Вангел Андрески.
