Соопштение на СДСМ
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ не знае веќе што да измисли, соочено со вистината дека уставните измени го зајакнуваат идентитетот и носат членство во ЕУ и НАТО
Јавно објавените уставни измени јасно покажуваат дека со нив се заштитува, зајакнува и гарантира македонскиот идентитет, кој конечно е признаен од целиот свет, вклучително и од Грција.
Соочено со вистината, раководството на ВМРО ДПМНЕ не знае веќе што да измисли.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани од сите надлежни институции, како и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирна кампања и постапки што се воделе непристрасно.
Над 80 проценти од граѓаните и над 90 проценти од излезените граѓани јасно и недвосмислено се ЗА членство во ЕУ и НАТО.
Сите пратеници во Собранието, вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ мора да преземат одговорност, да ја следат волјата на мнозинството и да дадат поддршка на уставните измени.
Амнестија за криминалот на Никола Груевски нема, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО.
