СДСМ: Уште лаги од ВМРО-ДПМНЕ, со посочената компанија соработувал и Коце Трајановски

ВМРО ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста.Соработката со посочената компанија се заснова на јавен тендер, кој ги исполнил сите законски постапки. – реагираат од СДСМ.

Уште еден факт со кој се побиваат шпекулациите и невистините на ВМРО ДПМНЕ е и дека истата оваа компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, кога градоначалник на Град Скопје бил Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што Скопје, под раководство на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов прераснува во модерен, уреден, европски град, па упорно шири невистини и лажни обвинувања.

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две децении раководеше со Град Скопје и потроши стотици милиони евра народни пари за обезличување на градот со проектот Скопје 2014, за лажен барок, стиропор што глуми мермер, жални врби, палми и споменици.

СДСМ се грижи за граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, за ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш бил важен само личниот и партиски интерес.

Помина времето кога за споменик се плаќаше 10.000.000 евра, за панорамско тркало 20.000.000 евра, помина и нема да се врати. – стои во соопштението од СДСМ.

Граѓаните континуирано, шест пати за четири години ги казнуваат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e