Сите државни институции вклучително и Управата за јавни приходи работат професионално, неселективно и независно, во интерес на граѓаните и во служба на законите, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.
„Злоупотребата на институциите за партиски цели, нивната селективност во работењето и привилегираноста на одредени фирми и поединци беа одлика на 11 годинишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време на селективност и притисоци врз приватниот сектор заврши со заминувањето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, велат од партијата.
Од СДСМ додаваат дека завршило времето на привилегираните и на непочитувањето на законите на штета на граѓаните и фирмите.