Безидејноста и немањето капацитет политички да созрее и да се промени ВМРО ДПМНЕ го потврдува со секојдневно пласирање лажни вести на прес конференции.
Лажните вести на ВМРОДПМНЕ за безбедносниот сертификат на полковникот Василевски беа јавно и категорично демантирани од страна на Министерството за одбрана, потврдувајќи дека не постоеле никакви пречки за полковникот да се стекне сопотребниот степен на доверливост.
Времето на скандали во безбедносните служби и праксата на одземање на безбедносните сертификати, заради нечие фаворизирање или елиминирање, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Владата предводена од СДСМ останува доследна во своите заложби за професионализација и ослободување на институциите кои наместо за партиски, денес работат исклучиво во интерес на грѓаните и на Република Македонија, реагираат од СДСМ.