СДСМ: Сиљановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ, таа е иста како Мицкоски, против напредокот на земјата!

Гордана Сиљановска, исто како Христијан Мицкоски, зборува секој ден дека Република Северна Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, во јуни. – реагираат од СДСМ.

Исто како Мицкоски и Сиљановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ.

Јасно е, Сиљановска е против напредокот на земјата.

Нејзините желби, како оние на Мицкоски, Иванов и Груевски, нема да се остварат.

Република Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема да има.

Сиљановска, Мицкоски и Иванов треба да знаат дека и покрај опструкциите и блокадите, Република Северна Македонија ќе продолжи да чекори напред, ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе биде полноправна членка на Унијата.

Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе гледа и ќе води напред, ќе го изберат Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e