СДСМ: Со „Шарената револуција“ народот си ја спаси државата од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и донесе слобода и демократија кои секојдневно ги унапредуваме

„Шарената револуција“ донесе огромни промени на македонската политичка и општествена сцена.Со „Шарената револуција“ илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда се додека оваа партија не беше поразена од граѓаните. – посочуваат од СДСМ.

Денес, партијата предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски останува на браникот на криминалот, против правдата, против слободите, против интеграцијата, против отвореноста и транспарентноста, против сите принципи за кои се бореше „Шарената револуција“. – велат од владејачката партија.

Политиките на Владата предводена од СДСМ, од 2017 година па се до денес, останаа доследни во почитувањето на барањата и заложбите на „Шарената револуција“.

Денес, предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните.

Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ.

Тоа се огромни суштински разлики помеѓу режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од СДСМ и јасно е дека тоа е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија знае само за режим, знае само да брани криминал и да шири лажни вести.

„Шарената револуција“ е најголемата победа на граѓаните, на демократијата и слободата врз режимско-криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат се додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго. – децидни се од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e