СДСМ: Рекордно зголемување на пензиите, во просек по 900 денари и финансиска помош од 1000 денари за пензионерите

Владата предводена од СДСМ и претставниците на пензионерите постигнаа историски договор за нова методологија со која пензиите се покачуваат просечно за 900 денари, како и 1.000 денари за финансиска помош за пензионерите, порачаа од СДСМ.

Над 330.000 пензионери во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари во наредните три месеци, за достоинствен живот.

Ова е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата. Околу 12.000 денари плус ќе легнат на сметките на пензионерите оваа година.

Дури и во време на криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните, децидни се од владејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e