Владејачкиот СДСМ, партијата од чии редови доаѓа градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, преку соопштение реагираше на снимката која ја објави порталот Лидер, а на која, како што тврди порталот, се слуша како градоначалнкот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, тепа и малтретира вработен во општината во неговата канцеларија.
„Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста.
Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување.
Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, стои во соопштението на СДСМ.
Снимката е достапна ТУКА.