СДСМ: Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ

Успешноста на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е потврдена преку бројни показатели.

Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека извозот во месец март 2021 година пораснал за 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година. – стои во денешното соопштение од СДСМ.

Ова е силна потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец.

Покрај раст на извозот во првиот квартал од годината, раст бележи и просечната плата која во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020 и изнесува 27.984 денари.

Во оваа 2021 година согласно економските показатели и очекувања, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи трендот на зголемување на платите и да се намалува невработеноста.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со креирање и реализација на мерки и политики кои ја помагаат домашната економија и отвораат нови можности.

Како одговорна партија остануваме посветени на градење силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e