СДСМ: Со растот на платите од 5,6 проценти во март годинава се потврдува успешноста на економските политики

„Трендот на растот на платите во Република Македонија продолжува. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена за месец март е за 5.6 отсто повисока во однос на месец март 2017 година. Просечната плата во првото тромесечие од 2018 година е за 4,9 отсто повисока во споредба со итиот период од минатата година.“ – велат од владејачката СДСМ.

„Ова е уште една потврда дека Законот за минимална плата го дава посакуваниот ефект и дека се отвори спиралата на раст на платите. Македонија се стабилизира на економски план, а најголемa придобивка од тоа имаат граѓаните.“ – се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ појаснуваат дека повисоките плати значат повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард, а се создава фер општество и поквалитетен живот.

„За само 11 месеци новата Влада успева да креира позитивна економска клима. Забележани се раст на просечната и минимална плата, јавниот долг е намален и се забележува зголемување на животниот стандард како резултат на владините реформи.“ – заклучуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e