СДСМ: Просечната плата зголемена на 25.270 денари, се потврдуваат успешните економски мерки на Владата предводена од СДСМ

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. – порачуваат од СДСМ.

Просечната нето плата во мај 2019 изнесувала 25.270 денари и споредено со мај 2018 година е поголема за 3,1 отсто.

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард.

Приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година.

Зборот важи! – велат од владејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e