Tрет ден опозициската ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да ја манипулира јавноста со измислен случај со што се докажува дека од ден на ден прогресираат личните фрустрации на Христијан Мицковски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ“, стои во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Иако сите факти говорат дека ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат со обидите да ги лажат граѓаните.
СДСМ како одговорна партија, повторно ги повикува сите надлежни институции како и сите граѓански здруженија или организации коишто се бават со транспарентност и владеење на правото, да покажат заинтересираност за измислениот случај на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за тоа да ја информираат јавноста.
Времето на договорени тендери, на офшор шеми и сомнителни зделки беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа е завршено. Денес, сите државни и јавни претпријатија работат согласно законите, одговорно и транспарентно.
Наместо да ја замајува јавноста преку празни прес-конференции полни со контрадикторни бројки редно е Мицкоски по двонеделно криење, конечно да излезе пред јавноста и да одговори за договорите од 10.5 милиони евра склучени во непосредна спогодба во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ“, стои во реакцијата на СДСМ.