Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да направи и спроведе реформи во здравството со цел негово унапредување и да покаже дека се грижи за граѓаните. – реагираат од СДСМ.
Наместо тоа ВМРО ДПМНЕ 11 години работеше на задоволувањето на лични интереси и богатења. Наместени тендери и дебели провизии на сметка на тотален хаос кој го создадоа и компплетно го урнисаа здравствениот систем.
Денес ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо освен лажни вести кои се ескпресно демантирани од институциите.
Како што објави Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, сите јавни набавки од Министерството за здравство за кои опозициската партија ја лажеше јавниоста се кристално чисти и законски.
Но тоа не го спречува ВМРО-ДПМНЕ да продолжува со очајно ширење лажни вести и измислици.
Не е точно дека станува збор за приватизација на процесот за стерилиација како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Како што објави Министерството за здравство, станува збор за долгорочно инвестирање и осовремување, по пат на приватно јавно партнерство.
Не постои ниту отуѓување на државен имот, туку станува збор за спој на инфраструктура, искуство и финансиски можности, кои со себе во партнерството ги носи приватниот партнер.
Залудни им се сите обиди за ширење на невистини на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното лицемерие кон граѓаните е препознаено, повеќе никој не верува во лагите од белиот дворец. – се вели во соопштението од СДСМ.